Три бои кои ќе бидат хит за свадбени декорации во 2023 година

Доколку сте верени и ја планирате вашата свадба еден од важните детали е и декорацијата. Секоја година со себе носи нови трендови кога станува збор за декорациите, а ви ги пренесуваме боите кои според експертите од свадбената индустрија ќе доминираат на свадбите во 2023 година.

1. Розова

Една од најпопуларните бои на свадбите во 2023 година ќе биде розовата и нејзините светли нијанси. Тие ќе бидат совршен избор особено за пролетни и летни свадби. Бојата на годината, избрана од Институтот за бои Pantone, е во прилог на розовиот тренд. Тоа е нијанса на Viva Magenta која совршено ќе се вклопи во вашиот голем ден.
2. Кафена

Модерните, земјени неутрални бои ќе бидат еден од најголемите свадбени трендови во 2023 година. Ќе бидат истакнати потемните тонови кои ќе и дадат контраст и длабочина на целата приказна. Наместо светлата боја како основна боја, трендот ќе се движи кон потемни нијанси како чоколадно кафена, боја на ‘рѓа или бакар.
3. Зелена

Во 2023 година зелената боја ќе биде голем тренд кога се во прашање свадбите. Особено популарна ќе биде смарагд зелената боја, која изгледа прекрасно во текот на целата година. Маслинесто зелената и авокадо зелената се уште две опции кои ќе изгледаат одлично, особено во комбинација со бои како сенф жолта, вишна, црвена. Една од причините зошто многумина ја избираат зелената боја за своите свадби е фактот што таа изгледа прекрасно благодарение на зелените растенија.