Во Словенија вчера три четвртини од вкупните тестови за коронавирусот биле позитивни.
За 24 часа се потврдени 8.396 заразени со коронавирусот.
Бројот на инфицирани е помал отколку ден претходно, кога се потврдени 13.911 случаи, но е 60 отсто поголем во однос на состојбата пред седум дена.
Поради брзото ширење на омикрон, изолацијата на заразени во поголем број од случаите се скратува, односно после седум дена изолацијата завршува доколку се направи негативен тест.