Германската полиција соопшти во саботата дека пронашла тела на две возрасни лица и на три деца во куќа во гратчето Кенигс Вустерхаусен, јужно од главниот град Берлин.
Телата откриени во куќата имале смртоносни повреди од огнено оружје и убодни рани, изјавил за агенциајта DPA, јавниот обвинител Гернот Нантлеон.
Полицијата добила дојава неколку минута пред пладнето. На лицето кое се јавило му било невообичаено што никаде ги нема станарите на куќата во округот Сензиг, изјави портпаролот на полицијата.
„Работиме под претпоставката дека станува збор за повеќекратно убиство“, додал полицисккиот портпарол.
Форензирачите и до доцна попладнето пред вечерта сѐ уште биле на местото на злосторството, а улицата во која е куќата била блокирана.
Според агенцијата Reuters, двајцата возрсним биле на околу 40-годишна возраст, а децата била стари четири, осум и десет години. Нема информации дали станува збор за семејство.