Три деца нападнати и ограбени во центарот на Скопје, едно претепано

На булеварот „Партизански одреди“ во петокот вечерта се извршени две разбојнишва врз малолетници, откако непознати лица нападнале две малолетни лица од Ресен и Другово и едно лице од Скопје.

Министерството за внатрешни работи соопшти во саботата дека во првиот случај во 18,05 часот во Скопје кај автобуската постојка извршено е разбојништво врз две малолетни лица А.М. од Ресен и М.Б. од село Другово кичевско, штитеници на домот „Здравко Цветковски“. Додека чекале автобус им пришле три непознати лица на возраст од околу 20 години, двајца од нив извадиле ножеви и со закана им побарале да им дадат сѐ што имаат во себе, по што А.М. извадил 300 денари кои ги имал во себе и им ги дал, а М.Б. го фатиле за врат и го удриле со тупаници во пределот на главата, по што избегале.

Слуачјот синоќа во 21 часот го пријавил А.Г. вработен во домот „Здравко Цетковски“. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Второто разбојништво се случило 10 минути подоцна, односно во 18,15 часотво непосредна близина на Универзална сала во кое, исто така, три непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз седумнаесетгодишниот Д.Г. и му одзеле 300 денари.

Случајот го пријавила неговата мајка во полиција синоќа во 21,45 часот. Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.