Три деца, коишто со месеци претходно биле напуштени од родителите, се откриени во неделата во стан во западниот дел на округот Харис во кој се наоѓа Хјустон во сојузната американска држава Тексас, со скелетот на четвртото дететe, објави во понеделникот канцеларијата на шерифот.
Полицијата во соопштението додава дека во неделата ноќта ја пронашла мајката на децата и нејзиниот партнер. Во оваа фаза од истрагата полицијата смета дека родителите „со месеци не живееле во станот“.
Најстарото дете, на 15 години, се јавил во полицијата дека „неговото деветгодишно братче е мртво една година и дека неговото тело се наоѓа во собата покрај неговата“, објави шерифот ја округот Харис во кој се наоѓа Хјустон.
Ситуацијата е „ужасна, трагична“ за овие три деца кои „живееле во неопишливи услови“, додаваат од канцеларијата на шерифот. Најстарото дете „се грижело најдобро колку што можело за помладит“ две братчиња на 7 и 10 години, се додава. Децата се потхранети и имаат знаци на физички повреди, и сите три се хоспитализирани.
Истрагата е поверена на криминалистичката полиција и на единицата задолжена за злоставување малолетници, соопшти на прес-конференција шерифот Ед Хозналес повторувајќи дека децата и телото во распаѓање биле оставени „подолг временски период“.
Првичните сознанија се дека последните седмици сосед им помагал на децата, носејќи им храна а потоа и полнејќи го мобилниот телефон од кој петнаесетгодишникот се јавил на итната служба 911.