Три девојки држеле малолетничка во стан во Струмица и ја малтретирале

Три девојки од Струмичко вчера се приведено во полициска станица бидејќи затвориле и малтретирале малолетничка во стан.

Една од приведените е малолетничка (17 години), додека другите две се возраст од 18 и 20 години. Полицијата ги привела синоќа откако настанот се случил претходната ноќ во петокот околу 20 часот.

„Противправно држеле и физички и со употреба на остар предмет нападнале малолетничка од Струмица“, соопшти МВР.

Од полицијата најавуваат дека по документирање на случајот ќе следат и пријави.