Три девојки и возачот со автомобил се забиле во камион во скопска Автокоманда

На 15.05.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улицита „Интернационални бригади“ и .„16. Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „мерцедес бенз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(67) од с.Теранци, кочанско, и патничко возило „даихатсу сирион“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(77) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле сопатничките од патничкото возило, Ј.Д.(27) од Кавадарци и М.Д.(27) од Куманово.

Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, се здобиле возачот Т.Д. и сопатничката од патничкото возило С.Т.(27) од Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.