Кошаркарите на актуелниот европски шампион Анадолу Ефес го добија мечот од 32-то коло на Евролигата против Виртус од Болоња со 86:67.
По изедначената прва четвртина (13:13), Ефес ги доби втората и третата четвртина со 22 поени разлика (47:25) и потоа мирно го приведе натпреварот кон крајот. Виртус беше подобар со 29:26 во последната четвртина и малку ја ублажи негативата.
Актуелниот европски првак до 16-та сезонска победа го предводеше хрватскиот кошаркар Анте Жижиќ, кој за 18 минути минати на теренот постигна 24 коша со шут 11 од 13 шут од поле и 2 од 3 од линијата за слободни фрлања. Тој додаде и шест скока и асистенција. Тибор Плејс постигна 14, а Илаја Брајант 13 поени и 11 скока.
Во италијанските редови најефикасен беше Николо Манион со 17 поени и шест асистенции и Семи Ојелеје со 13 поени и седум скока.
Ефес е на осмото место со 16 победи и исто толку порази, додека Виртус е на 14-то место со 13 победи и 19 порази.
Убедлив беше и Макаби Тел Авив кој го совлада Емпорио Армани Милано со 85:66. Домашните имаа предност од 17 поени на полувремето (53:36), гостите намалија на 10 поени во третиот период, но последната четвртина Макаби ја доби со девет поени за убедливи плус 19.
Роман Соркин со 18 поени и Лоренцо Браун со 17 поени и осум асистенции го предводеа израелскиот тим, додека на спротивната страна најефикасни беа Шабаз Напиер со 15 и Шевон Шилдс со 14 поени.
Макаби сега е четврти со 19 победи и 13 порази, а Милан го држи 11-то место со скор 14-18.
Вечерта на домаќините ја заокружи Барселона со победа од 72:56 против берлинска АЛБА. Гостите одлично влегоа во мечот, по првата четвртина водеа со 21:19, а на полувремето со 35:34. Сепак, Барса проработи во вториот дел, добивајќи го тој дел од играта со 38:21.
Кај Барселона најефикасен беше Сертак Санли со 12 поени и шест скока, Никола Миротиќ со 11 поени и шест скока и Никола Калиниќ со 10 поени. Во редовите на берлинскиот тим ниту еден играч не постигна повеќе од десет поени. Јани Вецел постигна девет, а Бен Ламерс и Луис Олинде по седум.
Барселона барем привремено го презеде водството со 54 бода пред Олимпијакос и Реал Мадрид, кои имаат по 53 бода, но и натпревар помалку, а АЛБА е на 17-то место.
РЕЗУЛТАТИ и РАСПОРЕД:
Анадолу Ефес – Виртус Болоња 86:67
Макаби Тел Авив – Армани Милано 85:66
Барселона – Алба Берлин 72:56
Во петок, 31-ви март:
Баерн Минхен – Монако
Жалгирис Каунас – Валенсија
Басконија – Фенербахче
Олимпијакос – Панатинаикос
Партизан – Реал Мадрид
Асвел-Вилурбан – Црвена ѕвезда
ТАБЕЛА
1. Барселона 32 22 10 2562:2425 54
2. Олимпијакос 31 22 9 2611:2340 53
3. Реал Мадрид 31 22 9 2622:2409 53
4. Макаби Тел Авив 32 19 13 2674:2589 51
5. Монако 31 20 11 2562:2493 51
6. Фенербахче 31 18 13 2572:2488 49
7. Партизан 31 17 14 2602:2526 48
8. Анадолу Ефес 32 16 16 2627:2561 48
9. Басконија Виторија 31 16 15 2629:2581 47
10. Жалгирис Каунас 31 16 15 2345:2405 47
11. Армани Милано 32 14 18 2366:2436 46
12. Црвена ѕвезда 31 14 17 2349:2395 45
13. Валенсија 31 14 17 2532:2643 45
14. Виртус Болоња 32 13 19 2487:2638 45
15. Панатинаикос 31 11 20 2411:2521 41
16. Баерн Минхен 31 11 20 2377:2493 41
17. Алба Берлин 32 9 23 2528:2696 41
18. Асвел Вилербан 31 8 23 2296:2503 39