Три парцели кај зградата „Тифани“ во најстрогиот центар на Скопје од државни стануваат приватни со објаснување од Управата за имотно-правни работи дека се работи за дооформување на парцела, пишува А1ОН.
Две од трите парцели, според јавно достапните податоци од Агенцијата за катастар на недвижностите, се сопственост на Република Македонија, а една е запишана како сопственост на Општина Центар.
-За приватизација на земјиштето во корист на „СМС шопс“, Управата за имотно-прави работи експресно постапувала. Компанијата на 3 март годинава поднела барање да престане правото на користење што го имала Општина Центар, а тринаесет дена подоцна добила решение со кое престанува корисничкото право на
Општината за тие да може да ја дооформат парцелата за новата шесткатница. За изработка на вакви решенија има граѓани што чекаат и по една деценија.
Целата тема прочитајте ја на А1ОН