Оваа сезона доминира подолгата коса, а што се однесува до боите, пожелни се бои што изгледаат природно. Во тренд е целосно бела, односно седа коса, сива и валкано розева.
Покрај класичната паж фризура (или боб), оваа пролет ќе биде „ин“ и полурастурената паж фризура со природни нијанси и подолги густи шишки. Оваа фризура треба да биде скратена со степен со цел да се добие волумен и неоптовареност на фризурата.
Втора хит фризура е косата осветлена до крајните граници, со должина на долга паж фризура со рамни линии. Кај таквата боја и фризура важно е косата секогаш да биде фенирана, во спротивно се ќе изгледа неуредно и нездраво.
Оваа пролет нема да помине ниту без ултрапопуларните плетенки во сите облици и форми.