Неможете да престанете да мислите на човекот што не ви е партнер, а веќе сте во врска? Иако веќе подолго време имате партнер и се уверувате себе си дека го сакате и дека неможете да замислите да бидете со некој друг, но вистината е дека сте почнале да се ладите.
И двајцата сте под стрес
Тоа може да бидат финансиските проблеми или фактот дека стресот на работното место го убива вашиот сексуален живот. Со секојдневните стресни ситуации во врската, еден од вас или пак и двајцата би можеле да фрлите око на некој друг. Имено, кога двајцата партнери во врската се чувствуваат напнато и под притисок, мошне е тешко да се покажуваат позитивни емоции, односно љубов кон другиот. Тоа не значи дека љубовта не постои, туку дека таа не се отчитува во доволна мерка. А кога ви недостасува внимание во домот, почнувате да го барате на друго место.
Не поминувате доволно време заедно
Кога стануваме преокупирани со други обврски, поминуваме се помалку квалитетно време со партнерот и токму тогаш може да се јави интерес за некој друг. Мошне е едноставно: колку повеќе време поминувате оддалечени од него, повеќе време трошите на другите, создавајќи совршена можност за развивање на симпатии.
Не сте задоволни од врската
Замислете ја следната ситуација: Вие обожавате да трчате, но на партнерот таа активност воопшто не му се допаѓа. Потоа запознавате некого кому што тоа му се допаѓа и почнувате да поставувате прашања зошто вашиот партнер неможе да биде таков. Малку по малку, почнувате со таа личност се повеќе да се поврзувате врз основа на заедничкото хоби. Понатаму не треба премногу да објаснуваме. Ваше е да одлучите што ве прави посреќни.