Три години од кобната автобуска несреќа кај Ласкарци

Македонија со жалење се сеќава на 13 февруари 2019 година, датум кој беше кобен патниците кои патуваа со автобус на „Дурмо турс“ на релација Скопје-Гостивар.

Шестнаест лица го загубија животот, а 35 се здобија со тешки повреди кога автобусот се преврте во близина на селото Ласкарци.

Возилото падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата, а во 17:30 часот во малиот парк во центарот на Гостивар, ќе учествува на спомен-настанот во чест на жртвите од оваа трагедија.