![smilkovci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/04/smilkovci.jpg?resize=580%2C404&ssl=1)
На Велики четврток, пред три години се случи бруталното петкратно убиство кај езерото во атарот на селото Смилковци.
На 12. април 2012. година кај Смилковското езеро беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и четириесет и петгодишниот Борче Стевковски од селото Црешево.
Скопскиот кривичен суд минатата година пресуди шест доживотни казни за кривично дело тероризам за обвинетите во случајот „Монструм“, а еден од обвинетите е ослободен од обвиненијата. Судот утврдил дека Сејди Рами не е виновен и тој е ослободен.
Двајца ја добија пресудата во отсуство бидејќи издржуваат затворска казна за друго дело во Косово и се уште се чека на нивна екстрадиција.