Три гостински победи во Премиер лигата

Во сите три саботни натпревара од 33-то коло на англиското фудбалско првенство славеа гостите.

Лестер Сити ја продолжи победничката низа на четири натпревари откако со 4:1 го совлада Хадерсфилд кому ова му е петти последователен пораз. Головите за „Лисиците“ ги постигнаа Јури Тјелеманс во 24 минута, Џејми Варди во 48 у 84 минута од пенал и Џејмс Медисон во 79 минута, а за домашните од пенал погоди Аарон Муј.

Лестер моментално е на 7-то место со 47 бодови, а го следат Вулверхемптон со ист број бодови и Вотфорд со бод и натпревар помалку. Хадерсфилд е одамна отпишан, последен е 20-ти со 14 бодови, 19 помалку од местата кои осигуруваат опстанок во Премиер.

Барнли со победата од 3:1 кај Борнмут дојде до можеби пресудните три бода во борбата за зачувување на прволигашкиот статус. Барнили сега е 14-ти со 36 бодови, осум повеќе од 18-от Кардиф Сити, но и меч повеќе. Борнмут, пак, остана на 13-то место со 38 бодови. Стрелци за гостите беа Крис Вуд во 18, Ешли Вествуд во 20 и Ешли Барнс во 56 минута, а домашните поведоа токму со автоголот на Барнс уште во 4 минута.

Во средбата меѓу Њукасл Јунајтед и Кристал Палас славеа минимално со голот на Лука Миливојевиќ од пенал во 81 минута. Њукасл остана на 15-то место со 35 бодови, а Кристал Палас се искачи на 12-то место со 39 бводови.

Во недела се игра дербито Евертон – Арсенал а во понеделник Челзи – Вест Хем.