Во четири сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во четири незгоди е причинета материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 32 возачи кои не ги почитувале ограничувањето на брзината, двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол и кои се исклучени од сообраќај, пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и кај 19 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 16 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафор. Затекнати се и 45 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 54 возила.
Денеска, Одделението за превенција заедно со „Училишната сообраќајна единица“ ќе преземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Центар, поточно на бул. „Мајка Тереза“ пред ООУ „Кочо Рацин“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.