Три лица повредени при пожар во строг затвор во Романија

Во затвор во романскиот град Крајова, кој е познат по строгиот режим, денеска избувнал пожар, во којшто три лица се повредени, јави БТА.

Изворите наведуваат дека пожарот го предизвикал еден затвореник, којшто потпалил дел од своите предмети во ќелијата. Огнот потоа се проширил и во соседната ќелија. На тројца затворници им е укажана лекарска помош, а еден од нив е задржан во болница.

Пожарникари од Инспекторатот за вонредни случаи во округот Долж се ангажирани во гаснење на пламените јазици.