Три лица повредени во сообраќајка на патот Пробиштип- Штип

Три лица од кои две потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу пладне на регионалниот Пробиштип- Штип, кај с.Крупиште.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(20) од Пробиштип и автомобил „фиат панда“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(70) од Пробиштип.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Р.(68) од возилото „фиат панда“, констатирани во Клиничката болница Штип, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.