Уште двајца мажи побарале лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ по верижниот судар на неколку возила кај клучката Хиподром.
Претходно, полицијата потврди дека има повредено женско лице кое е пренесено на Ургентниот центар во Скопје, со што засега вкупно три лица се повредени во сообраќајната незгода.
Сообраќајката се случи меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Две од патничките возила се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички.
Сообраќајката во полиција беше пријавена во 7,40 часот.