Најмалку три лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала што ја погоди ноќта кон четвртокот по македонско време областа источно од Токио, објави јапонската телевизија NHK.
Повреди се констатирани кај жени на возраст од 60 до 80 години, со коишто се здобиле како последица на пад. Повредените се пренесени во блиските болници и се вели дека се во стабилна состојба.
Првично, јапонската метеоролошка управа информираше дека земјотресот бил со јачина од 5,4 степени, но потоа следеше корекција на магнидута на 5,2 степени. Но управата не издаде предупредување за цунами, ниту издаде извештаи за жртви и поголеми материјално штети.
Некои линии на железничкиот оператор „East Japan Railway Co.“, коишто минуваат низ префектурата Чиба, вклучително и на линиите Учибо и Сотобо, биле привремено запрени поради проверки или откажани.
Епицентарот на потресот бил лоциран на територијата во непосредна близина на главниот град на префектурата Чиба. Жариштето бил на длабочина од околу 40 километри. Земјотресот бил почувствуван во неколку области на источна Јапонија, вклучувајќи ја и областа на главниот град Токио.
Според Јапонската метеоролошка агенција, земјотресот бил регистриран на нивото 5 на јапонската сеизмичка скала од 7 тепени во Кисаразу и помал 5 во Кимицу, и во префектурата Чиба и 4 во областите, вклучувајќи ги токиските области Чијода и Шинагава. Агенцијата го дефинира нивото 5 како ситуација во која на многу луѓе им е тешко да се движат. Тоа е првпат од март 2012 година префектурата Чиба да ја потресе земјотрес со јачина од 5 степени, според агенцијата.
Предупреди дека земјотреси од слична моќност може да се случат во текот на следните седум дена.
Овој потрес се случи откао минатиот петок попладнето земјотрес со магнитуда од 6,2 по Рихтер го погоди централниот регион Ишикава во кој загина најмалку едно лица а уште 20 беа повредени, а беше проследен со педесеттина последователни подземни удари, од кои најсилниот бил со јачина од 5,8.
Јапонија е една од најподложните земји на земјотреси во светот. На Јапонија отпаѓаат петтина од сите потреси во светот со магнитуда 6,0 по Рихтер или посилни.
Катаклизмичниот земјотрес од 11-ти март 2011 година, кога подземниот удар со магнитуда од 9,3 според Рихтер во морето близу североистокот од Јапонија предизвика масивно цунами со ударен бран повисок од 11 метри кој доведе до најголемата светска нуклеарна криза по 2000-те години, со хаваријата на нуклеарната централа во Фукушима. Тогаш во поплавите загинаа 18.500 луѓе.