Три лица се уапсени во понеделникот утрото во скопско Арачиново, поради случаи на разбојништва и кражби на возила, а при претресите на нивните домови, полицијата открила и дрога и други предмети поврзани со криминални активности, соопшти Минситерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Скопје ги привеле 40-годишниот Г.М., 19-годишниот Х.А. и 23-годишниот Е.Н., сите од Арачиново, поради основано сомнение дека се сторители на три разбојништва и три одземања на моторни возила во перидот од декември 2020 до февруари 2021 година.
Кај трите лица извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се: дигитална вага, марихуана, фантомки и други предмети.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.