Три лица приведени за поседување марихуана

Во неделата околу 16:25 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода тетовците Л.А. и П.М., и двајцата на 31 година, и 20-годишниот Њ.Ј. од тетовско Пршовце.

При преглед на возило „шкода фабиа“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал П.М., била пронајдена марихуана.

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.