Три лица се спасени од урнатините на зграда во сирискиот град Џебла, околу 110 часа по смртоносниот земјотрес што го погоди регионот во понеделникот, јавија локалните медиуми.
Телевизиските снимки во живо од местото на настанот покажаа сириски и либански спасувачки тимови како извлекуваат две лица од урнатините, додека случајните минувачи ракоплескаа и извикуваа „Господ е голем“.
Спасувач рече дека двајца од спасените се жена и нејзиното дете.