![soobrakajkaRadicevo-4](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/soobrakajkaRadicevo-4.jpg?resize=540%2C432&ssl=1)
Двајцата возачи на автомобилите кои вчера директно се судрија во близина на селото Радичево лоцирано меѓу Радовиш и Струмица се пренесени на скопските клиники со тешки телесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи 58-годишниот З.Б. од Струмица, возачот на „шкода октавиа“ и 44-годишниот А.А. од радовишкото село Злеово, возачот на „мерцедес“ се пренесени на скопските клиники поради тешките повреди со кои се здобиле во вчерашната сообраќајна незгода.
Сообраќајката била фатална за 62-годишниот струмичанец Н.М. кој бил сопатник во „шкодата“-та. На лице место починале и сопатниците во „мерцедес“-от 47-годишниот Р.Р. од Злеово и 25-годишниот Е.Т. од Сушево.
Несреќата се случи вчера во попладневните часови, кога двата авотмобили директно се судириле, и притоа се целосно уништени. Според извори од местото на настанот пожарникарите едвај ги извадиле телата на загинатите од возилата.