Три лица загинаа во експлозија која што рано утрово се случила во една куќа во северниот дел на Германија, соопштија тамошните власти.
Еден маж, неговата жена и дете се жртвите од експлозијата што ја зафатила куќата, во која што живееле неколку семејства.
Се’ уште не е јасно која е причината за експлозијата, а полицијата ја води истрагата.