Три милијарди денари повеќе во буџетот за образование – Подобрување на условите за работа и учење и зголемување на платите

Предлог буџетот за 2025 година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на образованието и младите е развоен, и насочен кон подобрување на условите за учење, студирање и живот на младите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование, изјави Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„За 115 милиони денари во однос на 2024 година се зголемени капиталните инвестиции во образованието. Овие средства ќе бидат насочени кон изградба и обнова на училишта, модернизација на образовната инфраструктура и обезбедување подобри услови за нашите ученици. Образовните работници ќе добијат покачување на платите 7% со мартовската плата. А платите ќе растат во континуитет во наредните години. Во ставката студентски стандард Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува повеќе од 30 милиони евра, за 18% повеќе од лани. За ученички стандард, 12% повеќе од минатата година“, потенцираше во изјавата Лефков.

Според него, за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови издвоени се 6 милиони евра. Тој дополни дека моментно студентските домови се реконструираат и ќе бидат ставени во функција во најбрзо време.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ го има образованието високо на агендата и тоа ќе продолжи во годините што следат“, изјави Лефков.