Три милиони Грци без здравствено осигурување

Оваа организација наведува дека повеќе од три милиони граѓани, или 27,2 отсто од популацијата не може да си плати придонеси за социјално осигурување, поради што немаат пристап до потребната здравствена заштита.

Намалување на потрошувачката во здравствениот сектор, дел од програмата за штедење од 2010 година во замена за меѓународна финансиска помош, има големо влијание на стапката на наталитет во Грција.

„Многу сме загрижени поради бројот на луѓе кои останаа без осигурување. Тоа има сериозни последици на здравјето особено на децата и бремените жени“, рекла претседателката на оваа организација за Грција, Ана Маили, додавајќи дека голем број семејства повеќе не се во можност да ги вакцинираат своите деца.