Три милиони лица се приклучија кон сајбер пребарувањето на исчезнатиот авион „Боинг 777“ на малезиската авиокомпанија, со 227 патници и 12 членови на екипажот, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Според податоците на претставници на специјализираниот сајт „Tomnod.com“, што обезбедува можност за изучување на слики со висока резолуција, направени од пет сателити, бројот на корисниците што ја истражуваат зоната каде исчезнал авионот, достигна три милиони луѓе.
„Кон нас се приклучија три милиони волонтери од десетици земји, кои зборуваат на различни јазици, сите тие се обидуваат да помогнат за решавање на загатката“, соопшти основачот на сајтот Шеј Хаар – Ноа.
Со нивна помош се проучени1.7 милиони сателитски снимки, додаде тој, изразувајќи уверување дека напорите на доброволците ќе можат да помогнат во пребарувањето.