Средете го вашиот животен простор
Дали сте знаеле дека просторот каде обично живеете ја одржува вашата внатрешна состојба на умот. Значи, кога нашите домови, спални соби, автомобили и работниот простор се полни со неред, валкани и во хаос, полни се и со негативна енергија… Тоа всушност е и нашата емотивна состојба. И колку повеќе време поминуваме во таквата несредена околина, толку понегативно се чувствуваме.
Од друга страна, кога сте во просторија која е уредна, чиста, топла, светла и пространа, речиси и да не можете, а да не се чувствувате сигурно и задоволно. Значи тоа е причината зошто првиот и најмоќен начин за отфрлање на негативната енергија од вашиот живот е средувањето на животниот простор.
Почнете така што ќе се ослободите од нередот и ѓубрето наоколу, фрлете се што е потрошено, што не се користи или едноставно што не прави да се чусвтвувате добро. Ќе бидете изненадени колку е освежувачко расчистувањето на нешттата! Исчистете ја целата нечистотија и прашина, отворете ги прозорците и вратите, пуштете воздухот слободно да поминува низ нив.
Тоа ќе овозможи негативната енергија да се замени со свежа, чиста и здрава енергија. Внесете сончева светлост во вашиот дом колку можете повеќе, затоа што таа е исполнета со високоенергетски вибрации што прават да се чувствувате среќни и исполнети со енергија. На крај, дајте му на вашиот животен простор свеж изглед, ослободете го просторот со поместување на мебелот и додадете бои, фотографии, растенија и уметнички дела… Се што ви пружа пријатно чувство, среќа и задоволство. Ви изгледа едноставно, но создавањето на позитивно окружување може да има драматично и позитивно влијание на вашето расположение!