Три начини за да се ослободите од негативната енергија

Поминувајте го времето со луѓето што ве усреќуваат

Баш како и вие, сите луѓе во вашиот живот имаат свои „енергетски полиња“ што можете автоматски да ги почувствувате кога сте со нив. Доколку сакате да го ослободите својот живот од негативната енергија, важно е да го поминувате времето со позитивните луѓе, а да ги избегнувате оние што ве влечат на пониска вибрација.

srekjni-lugjee

Ако поради некоја личност секогаш се чувствувате лошо, таа веројатно не е вредна за вашето време или енергија. Наместо тоа, поминувајте го времето со среќни, радосни луѓе што ве креваат и прават да се чувствувате добро. Дружете се со луѓето со кои можете да се смеете, да се забавувате или да споделувате искуства.

Важно е да си допуштите себе си да се смеете за време на смешните и тажни ситуации во животот. Со насмевка, чувствата како што е стресот, тагата и фрустрацијата нежно ќе отпловат од вас. Најдобар начин да ги видите другите агли на лошата ситуација е да се окружите со позитивни луѓе со кои се чувствувате добро. Колку повеќе сте окружени со такви топли, витални луѓе, толку вашиот живот ќе биде посреќен.

Научете се да се ослободите од негативните емоции…