На денешната седница на Влада се усвоија три нови мерки со кои ќе се подобрат условите за живот на младите, студентите и пензионерите.
Првата мерка се однесува на проектот Купи куќа купи стан и е предвидено намалувањењ на каматните стапки од 5,5 на 4,5 отсто за четвртата и петата година, а од првата до четвртата година каматната стапка се намалаува од 4,99 на 3,95 отсто.Со тоа во првата година доколку земете кредит од 50 илјади евра заштедувате 1800 евра.
Од февруари 2014 до денеска се донесе и мерка за лицата кои поседуваат една половина од стан или куќа добиени по наследство да можат да ја користат услугата од проектот „Купи куќа купи стан“. Лицата кои можат да аплицираат не треба да имаат приходи поголеми од 1300 евра доколку се во брак или имаат максимални приходи од 900 евра ако се сами.
Втората мерка која се усвои денеска е, слободен четврток за студентите за влез на културни манифестации, користење на јавен превоз и на жичарницата.
Третата мерка се однесува на железничкиот превоз и во неа се опфатени малдите, студентите и пензионрите.
Пензионерите два викенди месечно ќе можат бесплатно да ги користат услугите во железничкиот превоз. Младите до 27 години секој трет викенд ќе можат да ги користат одвие услуги, а билетот за железничкиот сообраќај за учениците и студентите се намалува за 50 отсто. За студентите, секој четврток е бесплатен железничкиот сообраќај.