Три нови жртви во протестите во Багдад

Три лица загинале, а повеќе од 150 се повредени во понеделникот во протестите во ирачката престолнина Багдад, пренесуват ирачките медиуми повикувајќи се на парламентарната комисија за човекови права.

Локалните медиуми во понеделникот објавија дека безбедносните сили отвориле оган врз демонстрантите на улицата ал-Рашид во центарот на Багдад. Притоа според непотврдени информации се известуваше за најмалку пет жртви.

„Употребата на сила, огнено оружје и солзавец против учесниците на протестите, се опасни мерки кои претставуваат јасно задушување на слободата на говорот и изразување на мислењето, кои се признаени од ирачкиот устав“, изјавила портпаролката на споменатата комисија Јусур Раџаб.

Претходно ирачкиот премиер Адел Абдел Махди рече дека е лигитимно користењето сила против „отпадниците од законот“.

Во меѓувреме во Багдад и повеќе градови ширум Ирак продолжуваат континуираните акции на граѓанска непослушност. Илјадници луѓе ги блокираат улиците и булеварите во престолнината, се палат автомобилски гуми.

Според последните податоци на Високата комисија за човекови права, од 1-ви октомври во безредијата во Ирак загинале повеќе од 260 луѓе, а бројот на настраданите се проценува на околу 12.000. „Учеството во армијата во заштита на демонстрантите помогна во намалувањето на можните загуби во понеделникот“, се истакнува во соопштението на комисијата.

Кабинетот на премиерот Махди во понеделникот издаде соопштение во кое се предупредува од опасноста од уривање на мостот ал-Џумхурија, кој води кон ткн „Зелена зона“, силно обезбедуван кварт на Багдад во кој се сместени странските дипломатски мисии и владините институции.

„Палењето автомобилски гуми на мостот од страна на демонстрантите доведе до оштетување на носечката конструкција, поради што мостот може да се урне во секој момент“, се наведува во соопштението.

Од почетокот на октомври во Ирак започаа континуираните протести против драстичниот пад на животниот стандард, зголемувањето на невработеноста и корупцијата на политичките елити. Речиси во сите градови, протестите се придружени си безредија и насилства.