Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја забележа и третата победа во исто толку натпревари во Супер лигата, совладувајќи го Кожув со 97:90. Куманово го запиша првиот триумф, откако убедливо славеше над Работнички со 87:77, додека Лирија на домашен терен ја прегази Струмица со 86:69.
Предводници до победатана„металците“ беа Дамјан Стојановски, Тодор Гечевски и Иван Маринковиќ,кој постигнаа по 15 поени.
Кумановци до вредната победа стигнаа благодарение на Вукашин Мандиќ и на Урош Луковиќ кои постигнаа 35, односно 24 поени.
По три одиграни кола МЗТ има скор 3-0, следуваат Лирија и Кожув со по 2-1, Работнички и Куманово по 1-2, а Струмица е без победа.