Три партии израмнети на изборите во Ирска

Три партии освоиле приближно ист број гласови на предвремените парлементарни избори во Ирска, што укажува дека е нарушено традиционалниот двопартизам во земјата, покажуваат податоците од излезните анкети.

Мала предноста меѓу трите партии има досега најсилната партија либерлано-конзервативна Фине Гаел на премиерот Лео Варадкар, која според првите анкети освојува 22,4 отсто од гласовите. Втора, според излесните анкети е радикалната републиканска партија Шин Фејн со 22,3 отсто, а трета е републиканската и досега најголема опозициска партија Фиана Фаил со 22,2 отсто гласови.

Последните испитувања на јавното менени покажуваа дека најдобар резултат на изборите може да оствари политичката групација која наклонува кон левицата Шин Фејн, поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (IRA), која во анкетите на почетокот од седмицата освојуваше 25 отсто. А двете партии од десниот центар кои досега ја сочинуваа владејачката коалиција Фиана Фаил и Фине Гаел во накетата добиваа по 23 отсто, односно 20 отсто доверба. Меѓутоа, се чини дека партијата на Вардакар остварила подобар резултат отколку што се прогнозираше.

Партијата Шин Фејн кандидираше само 42 кандидати за долниот дом на парламентот со 160 мандари, па не се очекуваше дека самата може да биде решавачка, бидејќи другите две водечки партии ја исклучуваат коалицијата со неа.

Според аналитичарите пред изборите, тоа значеше дека или Фине Гаел ил Фиана Фаил, кои имаат и двете двојно повеќе кандидати на изборите, ќе имаат можноста да добијат најмноги места во парламентот. Двете партии, отфрлајќи ја коалицијата со Шин Фејн, најавуваа дека се подготвени да коалицираат со помалите партии за дормирање коалициска или, пак, малцинска влада. Меѓутоа, според излесните анкети кои покажуваат израмнетост на трите главни партии, тешко ќе може некоја од нив да биде близу остварувањето мнозинство.

Излесните анкети на весникот The Irish Times и нациналната телевизија RTE, опфатле 5.000 гласачи и има маргина на грека од 2 отсто. Прелиминарните официјални резултати треба да бидат објавени во недела, а новиот состав на парламентот треба да биде потврден на 20-ти февруари.

Ирците денеска избираа 159 од 160-те пратеници (ткн Дојл Ерен), а спикерот Шонг, О’Фергејл е реизрбан автоматски.

Изборите во Ирска се спроведуваат според системот на пропорционална застапеност со пренесува на гласовите на друг претеник, кога гласовите за него или други кандидати кои се здобиле со повеќе од потребната квота се пренесуваат преку сложени пресметки на другите кандидати на листата.

Од 2016 година Ирска ја предводи малцинска влада, која ја сочинуваше либералнмо-конззервативната партија Фине Геил со пордепка на независните парламентарци.