Сите тројца домаќини остварија победи во првите натпревари од квалификациите за фудбалската Лига на шампионите кои беа одиграни во средата вечерта.
Шведски Малме со 2:0 го совлада бугарски Лудогорец. Првиот погодок го постигна српскиот играч Вељко Браманчевиќ во 26 минута, а по неколкуте добри одбрани на домашниот голман кој спречи израмнување и промашувањата на неговите соиграчи на спротивната страна, двата гола предност на Малме му ги донесе норвешкиот напаѓач Јо Инге Бергет во 61 минута.
Швајцарски Јанг Бојс пред своите навивачи во Берн го совлада унгарски Ференцварош со 3.2, иако од 25 минута имаше играч помалки поради исклучувањето на Хефти. Тоа се случи при резултат 1:1, кога беше досуден пенал за Ференцварош, но не успеа да го реализира Мирто Узуни.
Гостите поведоа во 14 минута преку Боли, а веќе во 16 минута израмни Елиа. Сиеро во 40 минута погоди за 2:1 за домашните, а во 65 минута водството го зголеми Гарсија. Конечниот резултат го постаи со својот втор погодок на мечот Франк Боли во 82 минута.
Во највозбудливиот натпревар на вечерта Бенфика во Лисабон со 2:1 го совлада ПСВ. Рафа Силва ги доведе домашните во водство 10 минута, а Вејгл во 40 минута го удвои водството на Бенфика. Гакпо во 51 минута постигна погодок за ПСВ кој има добри шанси во реваншот.