Три победи на гостинските екипи во Шпанија

Во сите три натпревара од 17-то коло од шпанското фудбалско првенство победи остварија победи откако Барселона рано попладнето во Мадрид со 3:0 го совлада Реал во „Ел Класико“ постигнувајќи убедлив триумф над најголемиот спортски ривал.

Барселона е прва со 45 бодови, девет повеќе од вторполасираниот Атлетико кој во петокот беше поразен во Барселона од Еспањол со голот на Серхи Гарсија во 88 минута. Валенсија остана трета со 34 бодови, а Реал Мадрид е четврти со 31 бод и натпревар помалку,

По три бода во регионалните дерби дуели освоија и Виљареал кој со 1:0 ја совлада Селта на „Местаља“, а Селта со 3:1 беше подобра од Депортиво на „Ријазор“.

Стрелци за Барселона беа Луис Суарез во 54-та, Лионел Меси во 67-та минута од пенал и Алеикс Видал во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Победата на Виљареал во Валенсија му ја донесе Карлос Бака со погодокот во 24 минута. Виљареал сега е шести со 27 бодови.

Во Ла Коруња Селта поведе со 3:0 преку Вас кој погоди во 3-та и Јаго Аспас во 40 и 53 минута, додеа Андоне во 59 минута го ублажи поразот на домашните. Селта сега е 11-та со 2ѝ бод, додека Депортиво е 18-ти со 15 бодови.