Ова се трите главни причини зошто жените „паѓаат“ на лоши момци.
Лошото момче секогаш ќе знае што да каже и така ќе ви се вовлече под кожа. Дрскиот поглед на вистински заводник со одлична техника на заведување е неговото моќно оружје кое за момент може да ве покори. Без разлика дали дели комплименти или користи провокативен начин на комуникација, секогаш ќе сакате да го видите „барем уште еднаш“.
Опасните момци секогаш се по малку недостапни. И, иако многу жени сакаат организиран живот и редовно гледање, токму недостапноста на ваквите мажи прави да сакаме да ги освоиме. Неговата зафатеност со работа и пријателите ви оди на нерви, но истовремено тоа е она што ве привлекува.
Бунтовните момци нема да се потресуваат на секоја ваша молба. Што се однесува до нив, жените не се секогаш во право. Тие го возвраќаат „ударот“ кога девојката им се спротиставува и со тоа предизвикуваат емоции и страст. Тие не ги ставаат толку лесно своите потреби на второ место, само за да и удоволат на девојката.