Доколку сакате да се храните здраво и квалитетно, не го прескокнувајте појадокот, а исто така ова никогаш не треба да го јадете како прв и најважен оброк.
Појадокот е најважниот оброк и токму затоа треба добро да внимавате што јадете наутро. Меѓу честите продукти што често може да се најдат на вашата трпеза се и следните три кои носат повеќе штета отколку корист и токму затоа треба да ги исфрлите од листата на утрински оброци.
Сланина
Содржи голем процент заситени масти и холестерол и често пати е процесуирана со нитрати од кои може да се јави главоболка.
Печива со сирење или путер
Ова се празни јагленхидрати со многу малку нутритивни вредности, како влакна, ротеини, цели житарици и слично.
Енергетски плочки
Што се однесува до шеќерите и калориите, енергетската плочка ви е исто како за појадок да јадете чоколада.