Три работи за вашата врска што не се споделуваат со пријателите

За овие три работи за вашата врска не треба да знаат ниту пријателите, ниту вашата сестра, никој!

Повеќето од жените од рана возраст учат дека треба сѐ да споделат со своите пријатели, а откако ќе стапат во врска или брак, таа желба уште повеќе се зголемува. Тоа е примамливо, бидејќи ние сме жедни за тоа некој да нѐ сослуша, да нѐ поддржи и да биде на наша страна. Сепак, некои работи најдобро е да ги задржите за себе.

Сепак, често зборување за сѐ и сешто, може да ни се одбие од глава. Не само што може да ја уништи довербата меѓу тебе и него, туку советите од пријателите може да ве збунат уште повеќе.

Детали за вашиот сексуален живот

За повеќето парови, има секс тајни, кои не би требало да им се откријат на лица од  семејството или пријателите. Без разлика дали станува збор за омилена поза, брзина, должина или фетиш … Што се случува во вашата спална соба, тоа се однесува само на тебе и него.

Неговите пари

Плата, потрошувачка, долгови, тоа е исто така и за мнозинството од двојките приватна работа. И во случај на ниски приходи или големи долгови, тој би можел да се чувствува засрамено и помалку вредно, ако знае дека вашите пријатели се добро упатени во неговата финансиска состојба. Исто така, на некои од вашите пријатели, исто така, може да им биде непријатно ако се фалите со неговите високи приходи, со оглед на нивната состојба.

Се’ што ви е кажано во доверба

Можеби тој со вас споделил некоја тајна и побарал да не ја споделувате со другите, очигледно со добра причина. Иако знаеме дека често сте во искушение да ги споделите со пријателите – сепак треба да му се спротивставите на тоа искушение. Ако знаете дека тоа би можело да му наштети на било кој начин, задржете го за себе, бидејќи никогаш не знаете по кој пат тоа истото може да дојде до него. Но, ако тоа е нешто што за што треба со некого да продискутирате, или побарајте стручна помош или разговарајте со оние што ви се блиски, како на пример мајка, се разбира ако темата не е премногу чувствителна.