![sobranie 1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/sobranie-1.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Комисиите за труд и социјална политика, за економски прашања и Законодавно- правната денеска ќе одржат седници во Собранието.
Законодавно-правната комисија и комисијата за труд и социјална политика на седниците ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, како и по Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија двата по скратена постапка. Членовите на законодавно -правната комисија на дневниот ред ја имаат и статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, прва фаза и исправката на законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување.
Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, е на агендата на седницата на комисијата за економски прашања.