Веб-страницата „Taste Atlas“ ги објави 100-те најдобри месни производи во светот, а меѓу нив се и трите српски – Петровачки кулен, Срем кулен и пиротски железен колбас, пренесува Б92. Шпанските месни производи ги заземаат првите три места на оваа листа, а италијанското месо е исто така високо оценето.
Како што се наведува, колбасот од Бачки Петровац е направен без адитиви и конзерванси, само лута домашна пиперка, сол и месо.
Пиротскиот колбас е висококвалитетен сувомеснат производ, а заедно со ќилимот и сирењето, е третиот производ од Пирот со географска ознака на потеклото. Според традиционалниот рецепт, колбасот се прави од најдобрите парчиња говедско, козјо и овчо месо, со додавање на зачини.
Срем-куленот се полни во природни свински црева, а се наведува дека е производ направен од ферментирано свинско месо и пиперка.