Без сомнеж, постојат три типа на мажи кои никогаш нема да имаат проблем да најдат девојка.Станува збор за привлечност која постои од секогаш, и не е врзана за бракот туку за чиста сексуална привлечност.
Тој е силен и мажествен
Силните алфа мажјаци се со голема количина на тестостерон, набиени фраери кои секогаш привлекуваат внимание. Мажевноста ги пали жените и без разлика на се, ваквите мажи секогаш ќе им бидат интересни на жените.
Тој има стил
Елеганција и пристојност, добро избрана гардероба и друштво, убав парфем и галантен пристап секогаш е привлечен за жените. Иако овие карактеристики ги красат богатите мажи, сепак не е потребно да имате многу нули на сметка, туку само да знаете што жените сакаат. А, тоа е да бидат сакани.
Тој го има „она нешто“
„Она нешто“ може да биде било што. Тоа понекогаш е секси поглед, убав глас, привлечна насмевка, манири и талент, но често произлегува од комплетниот впечаток кој некој го остава.