Три возила изгорени во подземна гаража на „Илинденска“

Три возила изгореа попладнево во подземна гаража лоцирана во близина на булеварот Илинденска во Скопје, пренесе Алсат.

-Според информациите од теренот, нема повредени лица, туку само материјална штета. Сè уште не се знае причината поради која дошло до избувнување на пожарот. На местото на настанот беа пристигнати неколку противпожарни возила, пренесе телевизијата.