![ljubov1-640x396](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/ljubov1-640x396.jpg?resize=640%2C396&ssl=1)
Неверојатно е колку само неколку зборови можат да ги променат ситуацијата и животот.
Трите клучни зборови за поголем успех на љубовната врска се „Што ти мислиш “?
Според Питер Пирсон, психилиг за врски, оваа фраза може да ви помогне во комуникацијата и потполно да ја промени динамиката во текот на конверзацијата.
-Поради тоа што не можете да ја промените личноста со која сте, можете да влијаете врз неа, вели тој.
-Доколку некој му каже на својот партнер „Ти воопшто не се грижиш за тоа како јас се чувствувам“, тоа е еден вид обвинување и неговиот одговор ќе биде дефанзивен, наведува тој.
А размената на дефанзивните реченици нема да ве одведат никаде. Вредноста на реченицата „ Што мислиш ти ?“ може значително да го промени квалитетот на дијалогот кој го водите. Бидете повнимателни и попродуктивни.
-Доколку поставите прашање што вашиот партнер мисли со вистинки тон и фацијална експресија вие покажувате дека сте заинтересирани за неговата перспектива. Доколку само произнесувате обвининенија, на другата страна не и преостанува ништо друго освен да се брани, истакнува тој.
Овие три збора можат конфликтот да го претворат во колаборација, демагогијата во демократија и помагаат конверзацијата да се отвори на вистинскиот начин.
-Многу е едноставно. Доколку луѓето под притисок се сетат да ги кажат овие зборови, можат да избегнат одредени наизменични обвиненија или пак навреди.