Три земји од ЕУ го повлекле правото на вето на ембаргото за руската нафта, можен е пакет за изземање

Австрија, Словачка и Унгарија го повлекле своето право на вето за ембаргото на Европската унија на руската нафта, објави во понеделникот германската телевизија ZDF повикувајќи се на високопозициониран дипломат на ЕУ, а агенцијата Reuters објави дека Европската комисија би можела да ги поштеди Словачка и Унгарија од ембаргото на увозот на руската нафта кое е во подготовка.

Според германската телевизија, важен фактор за потегот на трите споменати земји била одлуката на германската влада да го поддржи ембаргото, Словачка и Унгарија беа против предвремената забрана за увозот на нафтата од Русија, поради нивната голема зависност од тие испораки.

Подоцна доброинформиран извор на австриската агенција APA го појаснил ставот на Виена дека „немало никакво вето“ и дека „консултациите со земјите членки (на ЕУ) за шестиот пакет санкции (против Русија) се во тек, а одлуката сѐ уште не е донесена“.

Претходо помошникот на германскиот канцелар за економски прашање Јорг Кукис, изјави дека Берлин го поддржува ембаргото на руската нафра, но дека ќе бидат потребни „неколку месеци“ за да се подготви прекинот на испораките. Во Будимпешта, пак, претходно соопштија дека нема да ги поддржат европските санкции за испораките на енергенси од Русија, бидејќи тоа ќе предизвика значителна штета за самата Европа.

Истовремени во понеделникот двајца неименувани функционери на ЕУ за Reuters рекле дека Европската комисија би можела „да ги поштеди“ Унгарија и Словачка од ембарготкот.

Комисијата во вторникот би требала да го финализира новиот шести пакет санкции против Русија воведен по офанзивата во соседната земја од 24-ти февраури, а уште еден во низата воведен по 2014 година и избувнувањето на војната во Украина по тогашаниот преврат на власта во Киев. Новиот потег на ЕК ја цели забраната за купување руска нафта, како еден од главните извори на приходи за Москва.

Унгарија, којашто е многу силно зависна од руските енергенси, вклучително и од нафтата, порачува дека нема да се согласи на санкциите во енергетскиот сектор. Словачка е исто така една од земјите во ЕУ коиште се најзависни од руските енергенси. ЕК, затоа, би можела да им понуди на Словачка и Унгарија „изземање или други преодно решение“, изјавил еден од соговорниците на Reuters.

Во прилогот на Reuters се наведува дека Унгарија и натаму се противи на секакво ембарго на ЕУ на увозот на руската нафта и гасот.

„Унгарскиот став во поглед на какво и да е ембарго на нафтата и гасот не се променил: ние не го поддржуваме“, рекол во понеделникот портпаролот на владата Золтан Ковач писмено одговарајќи на прашањето на агенцијата.

Ембаргото на нафтата, најверојатно, ЕУ и онаката ќе го воведува постапно, и најверојатно во целост ќе стапи на сила дури на почетокот од следната 2023 година, рекол еден од соговорниците на агенцијата. Пакетот ќе им биде претставен на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во среда.

Дневните барања за испораки на рускиот гас пак преку Украина во ЕУ, преку словачката граница на локацијата Велике Капусани пораснала во понеделникот на највисокот ниво од крајот на ноември, покажуваат податоците на словачкиот оператор „TSO Eustream“. Тие закажувања преки Велке Капусани биле околу 993.407 мегават/часови дневно во понеделникот, најмногу од 30-ти ноември 2021 година.

Покрај опасноста наглото воведување на ембаргото за увоз на руската нафта да резултира со остар скок на цените на горивата во земјите на ЕУ, стручњаците предупредуваат и на периодот кој е потребен рафинериите во европа да се приспособат на другите типови нафта бидејќи повеќето се прилагодни за преработка на руската нафта.

Претходно во понеделникот германскиот министер за економија Роберт Хабек потврди дека сѐ уште нема договор за нафтеното ембарго против Русија во рамките на ЕУ.

„Германија би го поддржала нафтеното ембарго, но други земји сѐ уште не се подготвени“, изјавил Хабек по средбата со здруженијата на седните претприемачи во Берлин, пренесе агенцијата DPA.

Хабек потврдил дека ембаргото нема да мине без последици за Германија и дека ќе дојде до високи скокови на цените. Промената би можела да значи и привремен недостиг, додал министерот, мислејќи на рафинеријата во Швед близи границата со Полска, со којашто оперира руската државна компанија „Роснефт“.