Три земјотреси во петокот вечерта се регистрирани во Македонија, во интервал од два часа, од кој најмоќниот беше со магнитуда од 4,7 според Рихтеровата скала.
Првиот беше во 20 часот и 40 минути, на подрачјето Тетово-Гостивар со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.
„Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда од 3,0 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
По нецели два часа по првиот, беа почувствувани уште два земјотреси од 4,7 и 4,4 степени.
Земјотресот со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистиран во 22:17 часот во реонот на Гостивар.
Според Европско-медитеранскиот сезимолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.