Три жени се итно пренесени во саботата попладнето на скопските клиники, откако настрадале во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Тетово – Гостивар, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.
На автопатот Тетово- Гостивар, во близина на место викано Тумчевишка клучка, вчера во 18.50 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т. (20) од Гостивар, и патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(49) од гостиварското село Речане.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во патничко моторно возило „пежо“ Ф.С.(51), О.Р.(48) и Д.Х.(27), сите од село Речане и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.