Три жртви во атентат на универзитет на Филипини

Три лица се убиени во престрелка на свеченост на доделување дипломи во округот на филипинската престолнина Манила, вклучително и поранешна градоначалничка со нестабилниот југ на земјата, соопшти полицијата.

Началникот на локалната полиција на Квезон, Ремус Медина, изјави дека пукањето всушност било атентат врз поранешната градоначалничка на јужниот град Ламитан, Роза Фуригај.

Осомничениот, кој е ранет во размена на оган со припадниците на обезбедувањето на универзитетскиот камп, е уапсен и се наоѓа во притвор и на испитување.

„Се чини дека бил решителен убиец“, рекол Медина додавајќи дека кај осомничениот биле најдени два пиштола.

Квезон е дел од регионот на главниот град Манила, низа од 16 градови со повеќе од 13 милиони жители.

Фуригај била застрелана додека се подготвувала за доделувањето на дипломата на нејзината ќерка на првниот универзитет Атенео де Манила, кој е воедно еден од најпрестижните универзитети на Филипини.

Осомничениот, кој немал роднини на доделувањето на дипломите, исто така е од Ламитан во покраината Басилан, која е бастион на Абу Сајаф, екстремната исламистичка група позната по терористички напади, грабнувања за откуп и напади врз безбедносните сили.

Другите две убиени лица се припадни на безбедноста на кампусот и неидентификуван маж, соопшти полицијата. Универзитетот ја откажал свеченоста за доделување на дипломите поради нападот.