Три жртви во експлозија на цистерна во Абу Даби

Три лица смртно настрадаа во понеделникот во експлозија на цистерна во Аби Даби, за која постои сомневање дека ја предизвикале дронови, соопшти локалната полиција и додава дека помал пораж дека потоа избувнал на тамошниот аеродром.

Малку подоцна, силите на јеменските шиитски бунтовници Хути објавија дека извеле воен напад во Обединетите Арапски Емирати, коишто во јеменската граѓанска војна учествуваат на меѓунационалната сунитска коалциија, како и дека поединости ќе објават подоцна.

Пакистане и двајца Индијци загинале во експлозијата која се случиле во индустриската област на главниот град на ОАЕ. Екслозијата се случила во близина на резервоар на државната нафтена компанија „Abu Dhabi National Oil Company“ (ADNOC).

Полицијата соопштила дека двата пожара можеби биле предозвикани од „мали летачки објекти, веројатно дронови“, објави службената новинска агенција WAM.

Објавеното видео на социјалните мрежи, покажуива црн чад кој наводно е снимен во близина на индустриската област каде се случила експлозијата. Обединетите Арапски Емирати се главниот партнер на Саудиска Арабија во воената сунитска коалиција основана во 2015 година против јеменските шиити, кои веќе преземаа одговорност за слични напади во двете земји.