Три лица загинале во ексpлозија во фабрика близу градот Киети во средата во централниот дел на Италија, соопшти противпожарната служба.
Експлозијата одекнала околу пладнето во претпријатитето „Esplodenti Sabino“ во погони во кои се произведуваат експлозиви. Компанијата изведува и операции на деактивирање бомби, мини и други експлозивни средства.
Засега нема извештаи за повредени во експлозијата, но според медиумите кои се повикуваат на полициски извори, многу е веројатно да има уште настрадани.
Засега не е позната причината за несреќата. Се истакнува дека во оваа компанија се воведени строги безбедносни мерки откако во декември 2020 година се случи иста несреќа кога загинаа три лица.
Според наводите на медиумите, првото рочиште за експлозијата од 2020-та треба да се одржи во четврток. Обвинети се вкупно десет лица.