Три жртви во напад во Копенхаген

Три лица се убиени, а уште три се во критична состојба по пукањето во трговски центар во неделата попладнето во Копенхаген, пренесе ноќта кон понеделникот агенцијата Reuters повикувајќи се на шефот на полицијата во данската престолнина.

Сепак, вкупниот број настрадани сѐ уште не е потврден.

Според агенцијата, полицијата е уверениа дека приведениот 22-годишен етнички Данец е напаѓачот. Се додава дека при апсењето кај него биле најдени пушка и муниција.

За пукањето во трговскиот центар „Field’s“ во близина на копенхашкиот аеродром „Каструп“, полицијата не ја исклучува можноста дека е терористички чин.